#ТРЕНД

Момчето од „Киндер“ чоколадото е родено во Белград

Објавено на

Алесандро Егер (29), момчето од пакувањето на Киндер чоколадото, е српско-италијански модел, роден во Белград. Освен што се занимава со манекенство, тој и глуми, па неодамна го привлече вниманието на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција.

Алесандро е роден на 6 септември 1991 година во Белград. Брзо потоа неговото семејство се преселило во Италија за да побегнат од војната во Југославија. Таму, ја добил својата прва работа како модел, кога се сликал за пакувањето на чоколадото „Киндер“.

По неколку години пауза, Алесандро почнал и професионално да се занимава со манекенкство. Тој бил главен модел на ревиите на „Долче и Габана“ и „Версаче“, а снимил и бројни телевизиски реклами за светски и помалку познати производи. Во 2017 година учествуваше во реалното шоу „Пекинг експерс“ заедно со својата мајка, каде што луѓето со автостоп треба да стигнат до Пекинг.

Веќе девет години е во врска со манекенката Мадалин Дорофтеи, која беше избрана за Мис Романија.

Трендинг

Exit mobile version