Медиасет.мк

Медиасет

Момчило Бајагиќ на јубилејот на групата „Бајага и инструктори“: „Ќе објавам збирка мои песни“

Еден од најпопуларните бендови „Бајага и инструктори“ слави 40 години од своето постоење, како и роденден на основачот на оваа група – Момчило Бајагиќ Бајага.

По тој повод приредија прослава на која пејачот откри кој бил најубавиот момент во неговата кариера во овие 40 години.

„Тешко е да се каже бидејќи има многу години вклучени. Свиревме многу концерти, на сите континенти, во целиот регион… Имаше многу убави и големи концерти и мали, а не знам кој ми е најдраг… Имам намера да издадам колекција песни што ги напишав за нас и за другите, а ги има навистина многу, околу 170. Секако тоа е „Позитивна географија“, тоа е првиот албум кој секогаш е најтежок да се направи и да успее, тој е прв и затоа ми е омилен“, вели Бајага.

Трендинг

На почеток
error: