#ФОКУС

Му паднала торба врз пресадена коса, па бара отштета од авиокомпанијата

Објавено на

Италијанец кој извршил пресадување на коса во Истанбул ја тужи турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ за причинетата штета кога во авион му паднала патна торба врз неговата оперирана глава.

Маж од градот Таранто на југот на Италија, 37-годишен, подигна обвинение дури неколку месеци по несреќниот настан, оти пресадената коса успешно му пораснала на сите места, освен таму каде што бил удрен со торбата. Според агенцијата специјализирана за меѓународни спорови „Студио 3-А“, патникот бара отштета од 135.000 евра.

Настанот се случил во ноември минатата година, кога патникот се упатил дома еден ден по операцијата.

Во овој случај, според познавачи, авиокомпанијата не може да каже во своја одбрана „дека се преземени сите потребни мерки за заштита на патниците“, затоа што според меѓународните правила, такво нешто може да се земе предвид само доколку штетата е поголема од износот што го бара Италијанецот.

Трендинг

Exit mobile version