#ФАЦИ
На денешен ден, Влатко Илиевски ќе наполнеше 35 години: Никогаш не се лутеше, сè решаваше со насмевка
На денешен ден, Влатко Илиевски ќе наполнеше 35 години. Влатко, кој почина на 6 јули во 2018 година, за своите 33 години беше успешен пејач, автор, актер и водител.
„Ќе имаше убава симболика, ако албумот излезеше денес како што планиравме, на 2 јули, роденденот на Влатко. Цедето е испечатено во Софија, дизајнот е испечатен, но поради состојбата со коронавирусот, не можеме да го донесеме од Бугарија, и се пореметија плановите. Штом стаса во Скопје, ќе направиме промоција според сите протоколи, на отворено. Албумот не е комерцијален, нема да се продава, ќе го подариме на сите фанови на Влатко, од срце. Таков беше Влатко, сакаше да подарува. Кога ќе се случеше на фестивал да не победи, а бил фаворит, или поради погрешно пресметани поени како што се случи еднаш на „Охридски трубадури“ не се лутеше. Само ќе речеше: „Нема врска, и ќе излезеше да ја прими втората награда со насмевка. Никогаш на никого не му се лутеше, сè решаваше со насмевка. Многу патувам низ цела Македонија и луѓе постојано ме прашуваат дали ќе има албум со неговите најголеми хитови. Мило ми е кога ќе слушнам дека луѓето не ја забораваат музиката на Влатко и токму поради нив ова го правиме“, ни раскажа Драган Илиевски.
Извор и повеќе на Женски магазин