Медиасет.мк

#ФАЦИ

На земјава и фали многу среќа, вели дизајнерот Папаз откривајќи која политичарка би ја облекувал

Неуморен, нескротлив, постојано насекаде, а сепак, ненаметлив и уникатен. Дизајнерот Андреј Георгиевски-Папаз претпознатлив по неговиот црн стајлонг денеска слави роденден, но години не открива. На „Фејсбук“ скоро и не е активен, а на „Инстаграм“ постојано набљудува што се случува околу него. Не би рекле дека е задоволен од животот во нашата земја, но сепак, за своите следачи подготвува две ревии кои ќе се одржат годинава. Но има и други промени, кои Папаз планира, но но не значи дека ќе ги направи.

„Одлично се чувствувам во црна боја, а кога сакам да бидам ‘покреативен’ тука ја вклучувам белата боја. Не планирам да го променам мојот црн стајлинг иако можеби на некои им делува дека се облекувам во една иста облека. Единствено што планирам да ја променам е килажата што ја накачив последнава година“, вели Папаз за „Медиасет.мк“.

Ако славиш роденден, значи дека славиш и некаква си зрелост. Барем, така се вели. Ние прашавме каде има повеќе глума на улиците, во театарот или меѓу неговото опкружување, а Папаз вели: „Вероjатно најмногу на социјалните мрежи, таква средина сме“.

За себе, Папаз ќе каже дека многу ретко излегува, а на земјава дефитинитивно и недостасува многу среќа.

„За тоа како земјава ќе беше подобро место за живеење, би можел да напишам есеј. Во една реченица, ќе кажам дека и недостасува многу среќа“, додава Папаз.

Не испуштивме прилика да прашаме што да очекуваме на низ скопските улици за време на летната сезона, а пак, Папаз, ни кажа да немаме големи очекувања.

„Па веројатно улиците и локалите повторно ќе бидат полни со ‘стилизирани’ во некој “fast-food” тренд, понесени од очајот да се биде забележан и лајкуван. Оние со добар стил се ретки, среќа ги има, но не се впуштаат во евтини трки по ‘Инстаграм’“, смета Папаз.

Не би било интересно ако немаме и некое интересно прашање поврзано со политичката сцена. Побаравме Папаз да каже кој/а политичар/ка би го/ја соблекол и облекол. Тој се одлучи само за облекување, разголувањето го остави на другите.

„Хм, па кога би морал да бирам која би облекувал, можеби тоа би била Радмила Шеќеринска. Во повеќе наврати се има покажано како вљубеник во модата, која носи сериозни парчиња од светски дизајнери“, вели Папаз.

Годинава од него очекувајте две ревии, едната во Скопје, а за другата ќе бидете известени да набавите карти бидејќи ќе биде надвор од нашите граници. Папаз вели дека не ја заборава ниту родната Битола, а за таму спрема интересен моден настан, но детали не кажува.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: