Медиасет.мк

Медиасет

Надал ќе игра на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал следната недела ќе отпатува за Париз со идеја да игра на Ролан Гарос.

Рафа моментално се наоѓа во Мајорка, каде пристигна во неделата по поразот од Хуберт Хуркач во второто коло на АТП Мастерсот во Рим.

„Ас“ пренесува дека Надал ќе тренира на својата Академија пред да замине во Париз со намера да учествува на Грен слем турнирот кој го освои 14 пати.

Надал во неколку наврати изјави дека ќе игра на Ролан Гарос само ако е 100 отсто сигурен дека е конкурентен.

„Не сакам да играм на Ролан Гарос, ако треба да одам со претпазливост и без можност да го вложам максимумот, како што беше случајот во Барселона и Мадрид. Тоа е посебен турнир во мојата кариера, со толку многу сентиментална вредност ќе биде тешко ако не бидам таму, ќе играм само ако се чувствувам конкурентен, само ако можам да дадам 100 проценти.

Надал беше надвор од теренот една година, пред да се врати на турнирот во Бризбејн.

После тоа, тој повторно паузираше, па оваа пролет играше во Барселона, Мадрид и Рим.

На почеток
error: