Медиасет.мк

#ТРЕНД

Наоми Кембел и на 50 години доминира на модните писти


Мали букви откриваат перфекционисти, луѓето што остваат мал простор помеѓу буквите лошо ги поставуваат приоритетите, тврдат експертите, посочувајќи неколку детали кои откриваат многу за карактерот на една личност.

Графологијата е наука што се занимава со проучување на ракописот на поединецот и има одлична примена во полициската работа – ракописот е трага што е речиси како отпечаток од прстот.

Иако разни ракописи може да изгледаат слично, детали, како што се големината на буквите, нивната накосеност или проредот помеѓу зборовите, прават голема разлика. Исто така, графолозите тврдат дека некои основни црти на личноста може да се препознаат од ракописот, пишува „Бизнис-инсајдер“.

„Од анализата на нечиј ракопис можно е да се откријат над 5.000 карактеристики на една индивидуа“, тврди графологот и психолог Кети Мекнајт.

Ситен ракопис означува интровертна личност, која има силен фокус и концентрација. Таа има аналитички мозок, висока интелигенција и посветеност на извршување разни задачи. Тие личности се практични и честопати се песимистички настроени.

Просечниот ракопис открива индивидуа што сака ред и правила, а избегнува преголемо нагласување. Таа е упорна и фокусирана на постигнување на својата цел, критички настроена кон другите и склона на промени во расположението.

Крупниот ракопис открива луѓе што се прилично ориентирани кон другите, нивниот социјален статус им е важен и сакаат да се истакнуваат и да се наметнуваат. Тие се емпатични, ориентирани кон соништата и се оптимисти.

Луѓето што пишуваат зборови со малку простор меѓу нив, односно имаат кондензиран ракопис, како чувството на припадност, имаат широк круг пријатели и честопати ги задоволуваат другите за да бидат прифатени.

Оние со просечен проред меѓу зборовите имаат математички ум, ориентирани се кон проблеми, сакаат да советуваат други и сакаат да пробуваат нови работи.

Оние со голем простор меѓу зборовите многу ги ценат својата слобода и независноста, генерално, не ги сакаат метежот и психологијата на широките маси.



Трендинг

На почеток
error: