Медиасет.мк

#ТРЕНД

Шварценегер се чувствува фантастично како дедо


Во текот на гостувањето во ток-шоу во понеделникот Арнолд Шварценегер откри дека неговата ќерка Кетрин се однесува премногу заштитнички над својата ќерка Лајла и се пошегува на нејзина сметка нарекувајќи ја стручна вратарка.

73-годишниот актер се појави од далечина на „Џими Кимел лајф“. Водителот го праша како се чувствува како дедо првпат откако Кетрин (31) и сопругот Крис Прат (41) ја дочекаа Лајла минатиот август.

„Фантастично“, рече Арнолд. „Освен тоа што ме прави да се чувствувам стар“, се пошегува тој.

„Навистина е супер да имаш внуче. Таа е убаво бебе. Јас сум се гордеам со Кетрин и Крис и тие одлично се снаоѓаат заедно како родители“.

Водителот Џими истакна дека Арнолд има фарма со животни, кои шетаат околу неговата куќа, меѓу нив има мини магаре и пони. „Сигурно малата Лајла ќе биде многу среќна кога ќе сфати дека дедо ѝ живее во своевидна зоолошка градина“, рече тој.

Арнолд откри дека ќерка му премногу се плаши за малата Лајла. „Мислам дека Кетрин е стручна вратарка“, рече тој.

„Секогаш кога ќе го допреш бебето, таа вели: ‘О, боже, не држи ја така! Јас ѝ велам дека сум имал доволно деца во моите раце, точно знам што правам, јас сум експерт за тие работи. Но, таа откачува. Мислам дека е природно“, рече Арнолд.



Трендинг

На почеток
error: