Медиасет.мк

#ТРЕНД

Наташа Беквалац за љубовните проблеми: Мене буквално секој мој дечко ме изневерил

Пејачката Наташа Беквалац вели дека нема среќа во љубовта, но дека никогаш нема да се откаже од желбата да сака и да биде сакана. Таа зад себе има три пропаднати брака, а последниот го прекина по една година, зашто сопругот ја претепа.

„Мене буквално секој мој дечко ме изневерил. Но, не се срамам да го признаам тоа, зашто сите тие ме направија ваква жена каква што сум денес“, рече пејачката во интервју за емисијата „Ексклузив“.

Таа смета дека жените не треба да се срамат ако нивниот дечко или маж ги изневери, ниту да се чувствуваат како нешто да згрешиле, па со тоа да придонеле за неверството.

„Јас верувам дека сите мажи изневеруваат, без исклучок. Ако некој маж не изневерува, тоа е само затоа што тој така одлучил. Но не значи дека не помислува на неверство кога ќе види друга жена што ќе му се допадне“, вели пејачката.

Трендинг

На почеток
error: