Медиасет.мк

#КОРОНАВИРУС

Синот на Амди Бајрам раскажа што се случувало пред смртта на неговиот татко

Доцна синоќа, во телефонски разговор за ,,Фокус”, синот на Бајрам, Габриел, раскажа што се случува во нивниот дом, но се наврати и на последните денови на неговиот татко.

-Татко ми беше дијабетичар цели 20 години. Исто така одеше на дијализа, имаше повеќе здравствени проблеми. Два дена пред да почине, беше на дијализа, според процедурата, тогаш му беше направен корона вирус тест, а резултатот беше негативен.

Да се навратам на случувањата од последните денови.

Дента пред да почине, се беше во ред, никој не можеше да претпостави што не чека. Но, вчера, во околу 11 часот, мајка ми сакала да го разбуди, кога забележала дека устата му е помодрена, а тој бил во несвесна состојба. Поради дијабетесот со кој се бори долг период, сме имале слични случки, таа веднаш му измери шеќер, бројките покажаа 1,2. Повикавме брза помош, дојдоа, и заминавме право во клиниката на д-р Жан Митрев. По патот тој беше свесен.

Кога стигнавме во болницата, чекавме околу десет минути пред вратата на ургентното одделение, тогаш татко ми почина на носилката, пред влезот.

Внатре го внесоа веќе починат, а ние останавме да чекаме околу час или два.

Појасни дека не ни знаеле дека Амди е позитивен на вирусот, бидејќи тестот од пред два дена му бил негативен, но и покрај тоа, ги почитувале сите мерки за заштита.

-Покојникот сега е дома, овде сме најблиското семејство. Надвор, пред куќата дојдоа многу луѓе кои му оддаваат почит, сите се со заштитни маски и стојат на растојание. Така планираме да биде и на погребот. Амди Бајрам беше голем човек, кој остави големи дела за Ромската заедница зад себе, заслужува и достоинствен погреб – појаснуваше неговиот син.

Додаде дека нема место за обвинувања дека не се почитуваат мерките, бидејќи тие биле совесни луѓе, кои имале деца, внучиња, и не сакале ничие здравје да биде загрозено.

-Ова е нашата вистина, нам уредно ни го дадоа телото од болницата, ние не правиме ништо лошо, сакаме достоинствено да го испратиме покојникот. Ако треба да биде погребан во лимен ковчег, нека ни кажат, ние тоа ќе го сториме. Сите кои ќе дојдат, ќе ги почитуваат мерките- изјави Бајрам за „Фокус“.

Целата изјава на Фокус.мк.

Трендинг

На почеток
error: