#ДОСИЕ

Научете да се почитувате себеси, а другите ќе го следат вашиот пример

Објавено на

Научете да се почитувате себеси такашто ќе отфрлите сѐ што ја гази вашата вредност, секој ја намалува вашата вредност и се игра со вас како да сте некаква играчка.

Научете да се почитувате себеси такашто нема да го занемарувате лошото однесување на другите. Доколку ве почитуваат и ценат, ќе знаете дека тоа се луѓе кои треба да ги чувате во вашите животи, доколку не, тоа е знак дека треба да барате нови луѓе.

Научете да се почитувате себеси такашто нема да наоѓате оправдувања за оние кои поради тоа што имале лош ден, мора да го уништат и вашиот ден.

Научете да се почитувате себеси такашто нема да се плашите да бидете поинакви од другите. Кој ви кажа дека сите треба да бидеме исти? Како тоа ќе донесе дополнителна вредност во вашиот живот? Ако се трудите да бидете како другите, единствено што е сигурно дека така најбргу ќе стигнете до патот кон внатрешното незадоволство.

Научете да се почитувате себеси такашто почесто ќе размислувате за смислата на вашиот живот, ќе сфатите дека не сте само случаен минувач, да се запрашате што е она што само вие можете да го направите, да размислувате за вашите цели и да сфатите дека само вие можете да ги остварите.

Научете да се почитувате себеси такашто нема да ја спуштате цената на вашата способност и нема да дозволувате другите да ве искористуваат.

Научете да се почитувате себеси такашто ќе ја зборувате вистината и ќе ја барате вистината од другите.

Научете да се почитувате себеси такашто ќе ги пронајдете оние луѓе кои знаат дека не сте совршени, но кон вас се однесуваат како да сте совршени и вие така ќе се однесувате кон нив.

Научете да се почитувате себеси, а другите ќе го следат вашиот пример.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version