Песок од Сахара го обои небото во жолта и окер боја на источна Франција, Феноменот, е импресионирачки, но тој се случува редовно, наведе Метео Франс, јави дописникот на МИА.
Небото доби окер тонови, воздух полн со прашина, слој песок што ги покрива автомобилите и пригушена атмосфера. Песокот од Сахара оваа сабота се надви над Франција. Овој метеоролошки феномен, што не е невообичаен во зимскиот период, зафати голем дел од источниот дел на земјата, од Прованс до регионот Бургоњ-Франш-Комте, се до Лорен.
Прочитај повеќе Небото над источна Франција обоено жолто поради песок од Сахара at Скопје1.мк.
