#АНИМАВЕТ

(ВИДЕО) Не е до Кина и Трамп, ние сме виновни и за Ковид-19: Сите вируси се поврзани со јадењето на нечисто месо

Објавено на

За постоењето на коронавирусот, многу луѓе ја обвинуваат Кина како место каде прво се појави заразата, за други пак, виновен е Трамп. Нас, пак, кој прави интересни видеа за социјалните мрежи, ги обвинува несовесните луѓе. Тој смета дека вирусот се проширил бидејќи луѓето ги јадат животните, што за него не е изненадување. Нас во видеото вели дека кога ги гледа животните, тој не гледа нешто вкусно, туку вирус.

„Животните имаат милион вируси во нив, а секој од тие вируси може да не убие нас. Добивме ебола од лилјаците во Конго, мрса од камилите во Саудиска Арабија, ХИВ од мајмуните во централната Африка, Х1Н1 (свински грип) од САД и Мексико, а сега Ковид-19 од лилјаците во Кина“, вели Нас во видеото.

Според него, 50 илјади луѓе се разболеле од болести предизвикани од јадење на животни. Тој вели дека тоа му пречи, па затоа станал вегетаријанец и не јаде месо, но, не ги повикува и другите да не јадат месо, туку, ги повикува да јадат чисто месо.

„Фабричкото фармерство произведува 99% нечисто месо, а тоа може да биде опасно исто како и пазарот во Кина. Секогаш кога животните се чуваат едни до други, вирусот старува да се шири. Следната пандемија ќе се случи тука. Ние бевме среќни што не се случи ова пред многу години, но нашата среќа завршува тука“, објаснува Нас.

Погледнете го неговото цело видео, каде детално е објаснето се, но зборува и како село во Израел е погодено од Ковид-19, поради неодговорност на поединци:

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version