#КИНО

Недела на новиот германски филм во летното кино на Кинотека

Објавено на

По завршувањето на прикажувањата во Струга„ Недела на новиот германски филм продолжува во Скопје, во Летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката, каде што посетителите ќе може да ги гледаат најновите остварувања на германската кинематографија.

Програмата утревечер во 20 часот ќе биде отворена со филмот „Undine“ на режисерот Кристијан Петцол, а до 7 септември ќе бидат прикажани уште шест филма, секој ден во истиот термин и на истата локација.

Паралелно со проекциите во Скопје, следуваат проекции и во Прилеп на 3 и 4 септември.

-Сите проекции на Неделата на новиот германски филм ќе бидат прикажани под отворено небо со целосно почитување на препораките за заштита од КОВИД-19. Влезот за сите проекции е бесплатен, а билетарата ќе биде отворена секој ден од 19 часот, соопшти организаторот.

 

Трендинг

Exit mobile version