Мастерсот во Рим ни донесе ситуација каква што не се случила во женскиот тенис цели 11 години.
Имено, пласман во полуфиналето обезбедија Ига Швјонтек, Коко Гоф, Арина Сабаленка и Данијеле Колинс.
Така, за прв пат од 2013 година се случи ситуација на еден ВТА турнир да ги имаме тројцата најдобри тенисери во светот – Ига е прва, Арина втора и Коко трета на листата.
Последен пат ваква ситуација имавме на Ролан Гарос во 2013 година, кога играа Серена Вилијамс, Марија Шарапова и Викторија Азаренка која се уште е активна.
Во полуфиналето на Рим годинава ќе го гледаме мечот меѓу Швионтек и Гоф и Сабаленка и Колинс.
Интересно, во машка конкуренција годинава немаме ниту еден од четворицата најдобри светски тенисери во полуфиналето – отпаднаа Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев, додека Јаник Синер и Карлос Алкараз го пропуштија турнирот поради повреди.