Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Филм

Нетфликс за враќањето на Меган Маркл: „Сите опции се отворени“

Медиасет.мк
пред 2 месеци
media-librarykiumsjo60c1c74VjKCR

Можно ли Меган Маркл да добие улога во популарната серија „Господа“? Од Нетфликс засега не го исклучуваат тоа.

Манда Левин, директорка за играни серии на Нетфликс во Велика Британија, на телевизискиот фестивал во Единбург била прашана за можниот ангажман на Маркл во серијата. Нејзиниот одговор бил краток: „Сите опции се отворени“.

Изјавата дополнително ги поттикна шпекулациите за можно враќање на Маркл кон глумата, особено откако таа и нејзиниот сопруг, принцот Хари, се вратија во Велика Британија по шест години поминати во САД.

Серијата „Господа“ е изведена од истоимениот филм на Гај Ричи од 2019 година. Во серијата главните улоги ги толкуваат Тео Џејмс и Каја Скоделарио, а премиерата на втората сезона е најавена за 3 септември.

Во јавноста веќе се појавија наводи дека Маркл би можела да биде дел од третата сезона, иако таков ангажман досега не е потврден.

Маркл нема имала поголема глумечка улога од 2017 година, кога по свршувачката со принцот Хари се повлече од глумата. Најпозната е по улогата на Рејчел Зејн во серијата „Suits“, во која настапуваше седум сезони.

Неодамна таа се појави во епизодна улога, играјќи ја самата себе, во комедијата „Close Personal Friends“ на продукциската куќа Amazon MGM.

Пред изјавата на директорката на Нетфликс, поранешната уредничка на „Vanity Fair“, Тина Браун, објави дека можниот ангажман на Маркл во „Господа“ бил откажан поради негативни реакции во Велика Британија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

johnny-depp-sept-2020

Актери кои добиле милиони за филмови во кои никогаш не се појавиле

Филм | пред 4 дена

media-library9s7sf0om7atjcRFPX5R

Најлошите филмови во кариерата на познатите холивудски актери

Филм | пред 4 дена

media-librarykijvavuogcludxuXRzl

Брус Вилис го советувал Бен Афлек да одбие филм што освои седум „Оскари“

Филм | пред 6 дена

media-libraryeoq6ppfns9o4bzG2qGi

Шест филмови и серии на Нетфликс што вреди да ги гледате овој викенд

Филм | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања