Медиасет

Нова функција: Коментарите на Инстаграм може да се менуваат – само 15 минути

Објавено на

Инстаграм конечно воведе можност за уредување на коментари, но корисниците ќе имаат само 15 минути по објавувањето за да направат измени, соопшти компанијата Мета.Новата функција функционира слично како уредувањето на пораки, која беше воведена во 2024 година, повеќе од една деценија откако директните пораки првпат се појавија на платформата.Корисниците можат да ги уредуваат исклучиво сопствените коментари, а постапката е едноставна – со кликнување на опцијата „Edit“ под коментарот се отвора поле за измена, по што промените се зачувуваат со потврда.Од Мета посочуваат дека во рамки на дозволениот период, коментарите може да се менуваат неограничен број пати, што им овозможува на корисниците да ги коригираат или дополнуваат своите објави.Оваа новина доаѓа како дел од серијата промени што компанијата ги воведе во последниот период. Претходно беше најавено укинување на енкрипцијата „крај до крај“ за пораките, како и тестирање на нова претплатничка услуга „Инстаграм Плус“, која нуди дополнителни опции за содржините во формат на приказни.

Трендинг

Exit mobile version