#КИНО

Новиот агент 007 ќе биде Афроамериканката Лашана Линч

Објавено на

Глумицата Лашана Линч потврди дека нејзиниот лик Номи ќе биде агентот што ќе ја наследи титулата 007. Со тоа таа ќе стане првата жена која ќе го глуми легендарниот таен агент.

Последниот трејлер за филмот прикажува како Номи заедно со Бонд соработува на решавање на мисија, па се очекува Номи да се појави во повеќе сцени во филмот „No Time to Die“, чија премиера е закажана за 2 април 2021 година.

Иако оваа информација се прошири во јавноста минатата година, Лашана и официјално го потврди тоа во интервјуто за Harper’s Bazaar.

„Ликот на Бонд е премногу „измазнет“, тоа е во целост спротивно со она за што јас се залагам. Не сакав да ја изгубам приликата кога станува збор за тоа што би можела да претставува Номи. Барав барем еден момент во сценариото каде „црните членови на публиката“ потврдно би кимнувале со главата, да им биде мило што е претставен нивниот вистински живот. Во секој проект што го работам, без оглед на буџетот или жанрот, искуството на црнците што ги претставувам мора да биде 100% автентично“, рече Линч.

Трендинг

Exit mobile version