Медиасет.мк

Медиасет

Новите фотографии од кралот Чарлс предизвикаа бура во јавноста

Кралот Чарлс (75) се повлече од јавноста на почетокот на февруари и ги прекина кралските должности.

Тогаш беше објавено дека боледува од рак.

Сепак, тој беше на мисија овој вторник и беше домаќин на верски водачи и членови на различни заедници во Лондон. Сите тие неодамна учествуваа на Форумот на верски поглавари.

Бакингемската палата објави неколку фотографии од дочекот, а многумина го коментираа изгледот на кралот откако беше откриено дека се бори со тешка болест. Некои велат дека ослабел и изгледа поинаку, додека други велат дека кралот „изгледа одлично“.

„Мило ми е што кралот се чувствува доволно добро за лично да присуствува“, напишаа тие.

Трендинг

На почеток
error: