Медиасет.мк

Медиасет

Кралицата Камила откри како се чувствува Кејт Мидлтон

Кралицата Камила денеска беше во посета на Шрусбери, а во таа прилика медиумите ја замолија да ја коментира состојбата на принцезата од Велс, на што таа разбранува како навистина се чувствува Кејт.

Таа за прв пат проговори за Кејт Мидлтон и нејзината дијагноза рак, велејќи дека е „преплавена од сите добри желби и поддршка“, пренесува Телеграф.

Денес, додека била во посета, на кралицата и пришле две млади девојки кои направиле постери за Кејт и ја замолиле да и ги предаде.

Таа им кажа на девојките дека ќе и ги подари нивните подароци на Кејт и истакна: „Знам дека Кетрин е воодушевена од сите добри желби и поддршка“.

Да потсетиме, пораката на принцезата од Велс беше емитувана во петокот пред „Вести во шест“, во која таа откри дека и бил дијагностициран рак и дека е на хемотерапија по голема операција на абдоменот – иако се воздржувала од кажувањето каков вид на рак имала.

Реакциите на јавноста по веста за болеста на принцезата Кејт беа силни. Луѓе од целиот свет испратија пораки со поддршка до популарниот член на кралското семејство.

Кејт, како и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, изрази благодарност за љубезните пораки и поддршката, но побара и разбирање за нивната потреба од приватност во овој тежок момент.

На почеток
error: