Медиасет.мк

#ЖИВОТ

Нудистите и натаму шетаат голи на плажите во Чешка, полицијата не ги брка туку им вели да носат маска

Иако маските за лице не се задолжителна опрема насекаде, во Чешка се применуваат строги правила за нивно носење, кои важат дури и за нудистите во екот на пандемијата од Ковид-19.
Оваа средноевропска земја почна да ги релаксира ограничувањата наметнати поради коронавирусот, но во екот на загриженоста кон крајот на минатиот месец полицијата била ангажирана да ги потсетува луѓето дека во ред е да се сончаат голи на одредени јавни места, но само доколку нивните лица се прекриени со заштитни маски, пренесува Си-ен-ен.

Чешката полиција издаде предупредување кога полицајци на 27 март биле повикани во мало место во близина на Прага со цел да реагираат поради немаскирани нудисти привлечени од топлото време.

„За жал, многу граѓани што се сончаа беа собрани во големи групи, а некои не носеа маски за лице“, се вели во полициското соопштение.

„По пристигнувањето на полицијата, сите се согласија да ја почитуваат владината регулатива дека заштитните маски за лице се задолжителни надвор од домот“, се појаснува во соопштението.

Во него се додава и дека на граѓаните им е дозволено да бидат без облека на одредено место, но тие сепак мора да ја прекријат устата и да се собираат само во соодветна бројка, со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Во соопштението се нагласува и дека во полициска патрола спроведена по апелот, на јавните места биле затекнати 150 лица, а властите го сметаат за успех тоа што само половина од нив било потребно да ги потсетат за маските.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: