#ОХРИД
Нуредини: Охридското Езеро го задржува статусот на УНЕСКО
Охридското Езеро го задржува статусот на УНЕСКО, соопшти министерот за животна средина, Насер Нуредини по денешната сесија на Комитетот на УНЕСКО.
Министерот Нуредини се заблагодари за одобрувањето на дополнителен период за завршување на започнатите работи и потполно исполнување на добиените препораки.
„Посебна благодарност до Босна и Херцеговина и Руската Федерација за поддршката во овие заложби, како и на делегациите на Кина, Саудиска Арабија, Унгарија и Шпанија. Истотака благодарност до колегите од Австралија и Норвешка за континуираните пријателски совети и поддршка. Сепак, ова значи дополнителна одговорност, затоа сега е време навистина да работиме заедно и да се осигураме дека во иднина нема да се најдеме во ваква ситуација. Затоа ги поканувам сите чинители, приватниот сектор, локалната самоуправа, сите граѓански организации“, истакна Нуредини.