Медиасет.мк

Медиасет

Од денеска бродски линии меѓу Будва и Дубровник, како и Котор и Дубровник

Од денеска се воспоставени поморските линии меѓу Будва и Дубровник, како и меѓу Котор и Дубровник, соопштија црногорските власти.Министерот за сообраќај на Црна Гора, Филип Радуловиќ, изјави дека повторното воспоставување на поморските линии претставува значаен чекор во зајакнувањето на регионалната поврзаност и туристичката понуда.„Поврзувањето на Будва и Котор со Дубровник по морски пат претставува дополнителен квалитет за туристичката сезона и потврда дека Црна Гора развива современи и одржливи модели на сообраќајно поврзување со регионот. Овие линии ќе придонесат за подобра мобилност на туристите и граѓаните, намалување на гужвите на граничните премини во текот на летните месеци, како и за промоција на нашето крајбрежје како атрактивна и лесно достапна дестинација“, изјави Радуловиќ.Во шпицот на туристичката сезона линијата Будва–Дубровник ќе сообраќа шест пати неделно, што е двојно повеќе во споредба со минатата година, додека линијата Котор–Дубровник ќе има три поаѓања неделно.Линиите ќе функционираат во текот на летната сезона, до 30 септември, со утрински и попладневни поаѓања приспособени за туристите и транзитните патници.Од Министерството за поморство најавија дека и во иднина ќе поддржуваат иницијативи за развој на поморскиот сообраќај, зајакнување на соработката со соседните држави и унапредување на туристичката и сообраќајната инфраструктура на Јадранот.

На почеток
error: