#ТРЕНД

Од септември почнуваат претстави во театрите на Бродвеј

Објавено на

Во февруар, вооружени киднапери грабнаа два француски булдози на Лејди Гага и го нападнаа нејзиниот шетач на кучиња Рајан Фишер, застрелувајќи го четири пати во градите.

Пејачката (35) била во Рим во времето кога се случил инцидентот

Тројца мажи – Џејмс Jексон (18), Џејлин Вајт (19) и Лафајет Валеј (27) се обвинети за заговор за грабеж, грабеж од втор степен и обид за убиство по злосторство.

Џенифер Мекбрајд, жената што ги донесе украдените булдози во полициска станица два дена по нападот и тврдеше дека ги нашла на улица, е меѓу петте лица уапсени во врска со истата кражба и нападот врз шетачот на кучиња на музичката sвезда.  Таа и таткото на еден од уапсените  се обвинети за соучесништво во грабеж.

„На Гага ѝ олесни дека насилните крадци конечно се фатени, особено откако Рајан неодамна беше пуштен од болница за да продолжи со заздравување дома“, извор близок до музичката ѕвезда изјави за магазинот „Пипл“.

Инсајдерот додаде: „Тоа беше кошмар за неа“.

Гага понуди награда од 500.000 долари за безбедно враќање на нејзините миленичиња, но полицијата ја советувале да не ѝ ги дава на 50-годишната Мекбрајд откако се посомневале дека е вмешана во кражбата.

Шетачот на кучиња, Рајан Фишер, закрепнува од прострелните рани, а во објавите на социјалните мрежи тој го опиша насилството како „многу блиска средба со смртта“.



Трендинг

Exit mobile version