Медиасет.мк

#ОХРИД

Охрид го честиташе Денот на Армијата


„Почитувани припадници на Армијата на Република Северна Македонија, во мое лично име и во името на Општина Охрид ви го честитам денешниот празник, со најискрени желби за добро здравје и успех во професионалните ангажмани. Вашата посветеност и вашиот несебичен придонес за чување на безбедноста и суверенитетот на државата е наша гордост и е од големо значење за посигурна иднина за нас и новите генерации. Најголемо признание за сите досегашни успеси е тоа што нашата армија веќе е рамо до рамо со најразвиените светските сили и дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз – НАТО. Нека е честит и вековит Денот на Армијата на Република Северна Македонија!“, се вели во објавата на Константин Георгиески – градоначалник на Општина Охрид.

Трендинг

На почеток
error: