Медиасет.мк

#ОХРИД

Охридскиот градоначалник Георгиевски на состанок со американската амбасадорка

„Чест ми е што денес бев дел од онлајн состанокот кој беше организиран од Бирото за борба против тероризмот на Стејт департментот, Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и Институтот за стратешки дијалог (ИСД) од Лондон, Велика Британија. Целта на состанокот беше да се разменат искуства од раководењето на локално ниво од страна на поранешни и сегашни градоначалници од САД, активисти на граѓанското општество и практичари од Северна Македонија.

Овој состанок беше продолжение на соработката во рамки на Мрежата на силни градови и Конференцијата на градоначалниците на САД, која се одржала на почетокот од оваа година. Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам благодарност до Амбасадата на САД во Република Северна Македонија за поканата и можноста за соработка“, напиша Константин Георгиески – градоначалник на Општина Охрид.

🇺🇲↔️🇲🇰Чест ми е што денес бев дел од онлајн состанокот кој беше организиран од Бирото за борба против тероризмот на…

Posted by Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид on Thursday, April 8, 2021

Трендинг

На почеток
error: