Медиасет.мк

#ТРЕНД

Ѓоковиќ по инцидентот на УС Опен: Не можам да ветам дека нема да направам повторно нешто слично

Новак Ѓоковиќ овогодинешниот настап на Ју-Ес Опен го заврши со елиминација во четвртото коло откако со топче ја погоди линиската судијка, па организиторите одлучија да го дисквалификуваат од грен слемот од Њујорк.

Ѓоковиќ се подготвува за настап на Мастерсот во Рим кој пак започна денеска, одржа видео конференција со новинарите и зборуваше за дисквалификацијата на УС Опен.

– Правилата се јасни. Ја прифатив одлуката и продолжувам понатаму – рече Ѓоковиќ кој притоа додаде:

– Не можам да ветам или гарантирам дека никогаш повеќе нема да направам нешто слично во животот. Нормално, ќе дадам се од себе да не се повторни ваква случка, но во животот се е можно.

На почеток
error: