#ТРЕНД
Ѓоковиќ се извини: Oва е важна животна лекција за мене
Новак Ѓоковиќ во емотивен пост на Фејсбук се извини за инцидентот во 4.коло од Ју Ес Опен, во кој ненамерно со топче погоди една од линиските судијки, по што беше веднаш дисквалификувн од организаторите.
„Целата оваа ситуација направи да се чувствувам тажен и празен. Проверив како се чувствува линискиот судија и според информациите што ги добив, таа е добро, фала му на Бога. Нејзиното име не можам да го откријам, морам да ја заштитам нејзината приватност. Жал ми е што и предизвикав таков стрес. Беше погрешно тоа. Сакам ова непријатно искуство, дисквалификацијата од турнирот да го претворам во важна животна лекција и да продолжам да се развивам како човек, но и како тенисер. Им се извинувам на организаторите на Ју-Ес опен. Благодарен сум на моето семејство и мојот тим. Благодарен сум им намоите навивачи за поддршката. Беше ова тежок ден за сите нас“, напишал Ѓоковиќ.