Connect with us

#ФОКУС

Октомври годинава постуден и натпросечно влажен

Октомври бил постуден и натпросечно влажен месец во споредба со повеќегодошните вредности, покажува статистиката на УХМР.

Темпратурите на ниво на држава биле пониски за 2,4 степени. Во текот на октомври се забележани минимални температути под нулата на речиси сите мерни места. Најмногу денови со негативни температури имало во Берово – 11, а најмалку во Штип – 1. Апсолутна најниска температура од минус 5,1 степен е измерена во Берово на 28 октомври. Највисока, пак, е регистрирана во Гевгелија на 4 октомври кога се измерени 26 степени.

Вкупните месечни врнежи дожд во октомври варирале од 94,7мм во Крива Паланка до 176,7 мм во Маврово. Дневниот максимум бил во Битола на 8 октомври кога наврнале 46мм дожд.

Споредено со просечната вредност за периодот 1981-2010, во октомври годинава наврнале два пати повеќе дожд од просекот.

#ФОКУС

Ковачевски го бранеше македонскиот идентитет, Мицкоски прифати погубна резолуција на ЕПП, вели СДСМ

Владата на чело со премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски се грижи за националните интереси, достоинството на сите граѓани и силно го брани македонскиот идентитет и дома и надвор, вели СДСМ

„Од друга страна е Христијан Мицкоски кој дома ги поткопуваше државните позиции со ширење невистини, а надвор прифати погубна Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија.

Запаметено ќе остане дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски не се спротивставиле на спорната Резолуција на ЕПП, дека не направиле ништо против тоа.

Разликата е голема и граѓаните ја гледаат и препознаваат.

Ковачевски го брани македонскиот идентитет, а Мицкоски премолчено прифаќа ставови на Бугарија“, се вели во соопштението.

Continue Reading

#ФОКУС

Бектеши: Ј.К. грее базени и копа криптовалути, го знаете, не е Јелена Карлеуша

Крешник Бектеши, министер за економија, тврди дека цената на елеткричната енергија е зголемена само во четвртиот блок. Бектеши на седница за пратенички прашања рече дека граѓаните ќе плаќаат исто па и помалку со блок тарифите.

„Грејат базени, копаат криптовалути. Го знаете и самиот, Ј.К.. Не е Јелена Карлеуша. Вашиот, што ве финансира. И денеска се жалите зошто ние ги браниме граѓаните во првиот, вториот и третиот блок. 36 мегавати да се троши месечно е 85 пати повеќе од просечно македонско семејство во државата“, кажа Бектеши.

Во четвртиот блок, покачувањето на струјата е од 11,4 проценти па до 99,5 проценти.

 

Continue Reading

#ФОКУС

Струјата поскапува за 7,4 проценти, Бислимоски ги кажа новите цени за сите блок тарифи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои просечната цената за електрична енергија за 98,8% од домаќинствата ќе се зголеми во просек за 7,4 %. „Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за 17,74%, наместо за сегашните 7,4% за 98,8% од домаќинствата. Со оваа реформа […]

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020-2023

error: