Медиасет.мк

#ТРЕНД

Џон Траволта со емотивна објава за роденденот на неговата покојна сопруга Кели Престон

Со емотивна објава на својот Инстаграм профил, Џон Траволта ги насолзи очите на своите фанови со една фотографија во сеќавање на неговата покојна сопруга, актерката Кели Престон, на денот кога таа требаше да го прослави својот 58-ми роденден.

Џон Траволта објави фотографија од венчавката на неговите родители и фотографија направена на венчавката со неговата сакана Кели Престон.

„Среќен роденден драга! Ги пронајдов овие две фотографии, венчавката на моите родители и нашата. Убаво е кога се една до друга. Те сакам. Џон“, напиша тој.

Кели Престон почина во јули по две години борба со рак на дојката, а нејзината здравствена состојба ја чуваа во најголема тајност. Кели Престон и Џон Траволта беа во брак од 1991 година, а од тој брак имаа три деца, 20-годишната Ела, деветгодишниот Бенџамин, но и синот Џет, кој почина во 2009 година, на само 16 години, за време на семеен одмор на Бахамите.

На почеток
error: