#ОХРИД

Општина Охрид ќе продолжи со комплетно финансирање на работата на центарот „Зраци“

Објавено на


Функционирањето на дневниот центар
„Зраци“ е од исклучително значење за лицата со посебни потреби и нивните семејства, затоа Општина Охрид ќе продолжи со комплетно финансирање на работата на центарот и за оваа намена веќе се издвоени 720.000 денари од општинскиот буџет, напиша на својот Фб профил градоначакникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додава:

Со овие средства ќе се обезбедат услови за непречена работа на центарот, дополнително кадровско екипирање како и решавање на останатите тековни проблеми.

Благодарницата која денес ја добив од претставниците на Здружението за лица со посебни потреби „Зраци“ е дополнителен мотив да продолжиме со оваа поддршка и преку лични примери да покажеме дека се грижиме за оваа категорија на граѓани.

Мојата скромна донација на средствата наменети за дневници за службени патувања од 2020 година кои ги доделив на центарот „Зраци“ нека биде поттик за останатите функционери и претставници на бизнис секторот за поголема општествена одговорност и помош онаму каде што е потребна.

фото: ФБ Константин Георгиески

Трендинг

Exit mobile version