#ОХРИД

Општина Охрид: Приватните сместувачки и угостителски објекти имаат право да стопанисуваат со плажите пред објектите, само во согласност со склучените договори со локалната, на слободните плажи има редовни контроли

Објавено на


Приватните сместувачки и угостителски објекти, кои се лоцирани во првата крајбрежна зона на Охридското Езеро имаат право да стопанисуваат со плажите пред објектите, само во согласност со склучените договори со Општина Охрид, во кои е утврдена површината за поставување на урбана опрема.

Вакви договори се склучени со сместувачките капацитети: вила „Свис“, хотел „Холидеј-М“, хотел „Орце Николов“, хотел „Аквалина“, хотел „Силекс“, хотел „Лагадин“, хотел „Мизо“, хотел „Десарет“, хотел „Инекс Горица“, хотел „Гранит“, хотели „Метропол“, угостителските објекти „Бонанаца“, „Егоист“, „Голден бич“ и автокамп „Љубаништа“. Правните лица кои се сопственици на овие сместувачки и угостителски објекти, плаќаат надомест на Општина Охрид, врз основа на површината за поставување на урбана опрема, која е наведена во склучените договори. Договорите се активни од 03.07.2021 до 30.09.2021 година.

Со цел да се спречи узурпирање на поголем простор и поставување на лежалки, маси, столици и реквизити надвор од договорената површина за поставување на урбана опрема, инспекторите од Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид спроведуваат редовни контроли на плажите.

Ја информираме јавноста дека ваквите контроли ќе бидат континиурани во текот на целата летна сезона и ќе бидат во координација со Државниот пазарен инспекторат. Редовни контроли ќе се спроведуваат и на слободните плажи кои не се издадени под концесија и за кои нема договори за поставување на урбана опрема, со цел да се превенира диво поставување и издавање на реквизити.

Ваквите активности се спроведуваат заради воведување на ред во стопанисувањето со брегот на езерото и да се обезбеди повеќе слободен простор за жителите и туристите, кои одмараат на крајбрежјето.

Трендинг

Exit mobile version