Медиасет.мк

Медиасет

Откажана церемонијата за Надал, организаторите на Ролан Гарос објаснија зошто

Церемонијата во чест на Рафаел Надал на Ролан Гарос е одложена, а за тоа е виновен шпанскиот тенисер.

Сите мислат дека ова е последниот Ролан Гарос на кој ќе настапи Надал, но шпанецот неодамна изјави дека тоа не мора да е точно.

Поради ова, организаторите одлучија да ја одложат церемонијата, а директорката Амели Морезмо зборуваше за се.

„Како што можете да замислите, имаме нешто планирано за него. Но, бидејќи не знае дали тоа ќе биде неговиот последен Ролан Гарос или не, тој сака да ја остави отворена вратата за евентуално враќање следната година како играч. Значи, очигледно нема да го присилиме на ништо“, изјави Морезмо, а потоа додаде:

„Тоа е негова одлука кога сака да има соодветна церемонија, соодветно збогување. Значи, нема да го направиме тоа оваа година. Тоа е негова желба, иако бевме спремни да го притиснеме копчето доколку нешто се случи, очигледно ќе го почитуваме она што тој го сака и ќе се погрижиме да бидеме подготвени секогаш кога ќе сака. Подоцна оваа година, следната година, кога сака“.

Во првото коло на Ролан Гарос Надал ќе игра против германецот Александар Зверев и ќе биде вистински спектакл на „Филип Шатрие“.

Трендинг

На почеток
error: