„Продолжува исплатата на ученички и студентски стипендии. Деновиве се исплатени уште три рати од стипендиите за студенти и четири рати од стипендиите за основци и средношколци во вкупен износ 2.838.000 денари. Досега од општинскиот буџет за оваа намена се исплатени вкупно 4.872.000 денари. Оваа година општина Охрид додели рекордни 412 ученички и студентски стипендии. Целта на стипендиите е мотивација на талентираните ученици и учениците со посебни достигнувања како и за помош и поддршка на ученици и студенти кои живеат во потешки социјални услови“, напиша Константин Георгиески, градоначалник на Општина Охрид.
