Обвинителката Фатиме Фетаи изминатава недела, по завршниот збор за случајот „Монструм“, е подложена на постојан притисок и јавен линч на социјалните мрежи, но и во дел од медиумите. Коментари со навредлива содржина и денеска и беа упатени на протестот кој го организираа семејствата и поддржувачи на обвинетите за петкратното убиство, објави Фокус.
Фокус го запраша републичкиот јавен обвинител Љубоми Јовески дали можеби е загрозена безбедноста на обвинителката Фетаи?
-Ја следиме ситуацијата и засега нема потреба за физичко обезбедување на обвинителката Фатиме Фетаи, изјави обвинител Јовески за „Фокус“.
Source: New feed
