Медиасет.мк

#ТРЕНД

Овие хороскопски знаци изневеруваат без “око да им трепне“

Вашиот партнер е надвор од градот извесен период, а вам почнаа да ви се раѓаат чувства за некој/а друг/а. Како ќе постапите? Секој хороскопски знак има различен став кога станува збор за верноста и за начинот на кој се справува со искушенијата кои можат да го одведат во погрешен правец.

Мажите родени во знакот близнаци имаат репутација на непоправливи флертувачи, кои сакаат постојано да „скитаат“, вечно барајќи ја љубовта на својот живот, дури и ако се веќе во среќен брак. Но ова не е случај со жените близнаци, кои повеќе се водат според тоа што им го вели разумот, а не срцето.

Истото важи и за овните, со тоа што припадничките на понежниот пол исто така имаат авантуристички дух и најверојатно ќе паднат во искушение ако атмосферата е доволно „жешка“.

Водолиите од двата пола не ставаат толку голем акцент на апсолутната верност, бидејќи знаат дека нивната љубовна врска е базирана на пријателски однос, а не на страст. Тие сакаат да ја имаат слободата да прават што сакаат и тоа го кажуваат јасно и гласно уште на почетокот на врската.

На стрелците им е потребен љубовник кој истовремено ќе им биде и пријател, па поради тоа тие не сакаат во врската да се водат според некакви услови. Под одредени околности ним може да им се случи да изневерат и потоа да се каат што си дозволиле нивната импулсивност да им го помати здравиот разум.

Скорпијата е хороскопски знак на кој му треба многу малку време за да почувствува длабока привлечност кон некоја личност. Ако таа го изневери својот партнер, постојат поголеми шанси дека ќе остане со новиот, отколку да се обидува да излезе на крај со две врски истовремено.

На лавотвагата и девицата може да им се случи да паднат во искушение, но нив сериозно би ги загрижувало прашањето како аферата ќе влијае на нивната слика во јавноста. Таинственоста и лагата не се дел од карактерот на овие три знака, така што неверствата за нив претставуваат нешто неизводливо.

Рибите се нејасни и двосмислени на некој интересен и шармантен начин и тие уживаат да флертуваат и романтично да заведуваат. Но за нив се вели дека не се доволно умешни за да се вплектаат во афера од големи размери.

Јарците избегнуваат да изневеруваат. Тие сакаат да се гостат со убава храна и квалитетно вино во отмени ресторани, па не би направиле нешто кое би го извалкало нивното достоинство.

Биковите сакаат да си го следат патот кон нивните соништа и ним може да им се случи да паднат во искушение да изневерат, ако личноста е доволно примамлива. Но од друга страна, на нив им е многу важна сигурноста, така што не преферираат да направат нешто кое ќе го „разниша бродот“ во врската во која избрале да бидат.

Раковите лутаат најмалку од сите знаци бидејќи тие најчесто се многу посветени во нивната врска и не би направиле ништо што би ја уништило истата. Нив во љубовта им е многу важно да ги одржуваат нежноста, блискоста и единството со нивниот партнер.

На почеток
error: