#ФОКУС

Витамин може да го запре размножувањето на коронавирусот

Објавено на

Индиски научници откриле дека витаминот Б12 е во состојба да го блокира размножувањето на коронавирусот, а резултатите од истражувањето се објавени во списанието IUBMB Life.

Користејќи компјутерско моделирање, научниците успеале да утврдат кои молекули содржани во природни производи и лекови можат да го потиснат дејството на nsp12, кој е содржан во геномот на SARS-Cov-2 и е одговорен за размножување на вирусот.

Се покажало дека метилкобаламинот – еден од двата биолошки активни коензимни форми на витаминот Б12, поседува способност да го запре размножувањето на вирусните клетки.

Оваа супстанца може да се препише како превенција за ризичните групи – медицинскиот персонал, старите лица или лица со хронични болести за да се намали ризикот од зараза и потребата од итна помош во болница.

Научниците истакнаа дека се потребни дополнителни истражувања за да се направат промени во протоколот за лекување на Ковид-19.

Трендинг

Exit mobile version