Медиасет.мк logo
Промени тема

ГРЦИЈА

media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

Македонија најевтина во Европа за сместување, Грција меѓу 12-те најскапи во Европа

Грција се наоѓа на 12-то место меѓу најскапите европски туристички дестинации за краткорочно изнајмување сместување, покажуваат податоците на компанијата за туристичка аналитика AirDNA.Според анализата, просечната цена за ноќевање во Грција изнесува 141 евро, додека најскапата европска дестинација е Монако со просечни 417 евра по ноќ.Во првите пет најскапи дестинации се и Исланд со 211 евра, Андора со 189 евра, Швајцарија со 184 евра и Обединетото Кралство со 176 евра за ноќевање.Анализата покаж

Патувања | пред 4 месеци

media-libraryasff1u48iak9cOOPkT2

Две девојки залутале на снежните падини на Олимп, спасени по ноќна потрага

Две млади планинарки биле успешно спасени по ноќна акција на грчките спасувачки служби на планината Олимп, соопшти грчката противпожарна служба.Станува збор за девојки на возраст од 21 и 24 години кои се изгубиле во темнината во снежниот дел на планината, во близина на локалитетот Прионија над селото Литохоро. Во спасувачката операција, која траела во текот на ноќта, учествувале осум припадници на противпожарната служба.Спасувачите успеале да ги лоцираат двете планинарки и безбедно да ги придруж

Вирално | пред 4 месеци

media-librarytbkehv5p0bl74EqTF1g

Топлотните бранови ќе ја чинат Грција до 13 милијарди евра до 2030 година

Повторливите топлотни бранови би можеле да ја чинат грчката економија до 13 милијарди евра во периодот до 2030 година, предупредува осигурителната и кредитна компанија Allianz Trade во најновата анализа.Според извештајот, екстремно високите температури негативно ќе влијаат врз продуктивноста на работниците, трошоците за енергија и инвестициската активност, што може да доведе до намалување на економското производство за дури 4,1 проценти.Анализата покажува дека инвестициите би можеле да се намала

Трендови | пред 4 месеци

media-librarypism71c7fcs5aXESUCK

Оваа грчка плажа изгледа како површина на Месечината, а морето е неверојатно тиркизно

Една од најнеобичните плажи во Грција се наоѓа на островот Милос, каде природата создала пејзаж што многумина го споредуваат со површината на Месечината. Станува збор за плажата Саракинико, која привлекува туристи од целиот свет со своите бели вулкански карпи и тиркизно море.Нејзиниот препознатлив изглед е резултат на илјадници години дејство на ветерот и морските бранови, кои ги обликувале сиво-белите вулкански формации во необични форми. Поради тоа, западниот дел од плажата наликува на лунарен

Патувања | пред 4 месеци

media-libraryoakkfe2evk6fdABvNJP

Телефон во рака може да ве чини и до 4.000 евра во Грција

Грција воведе значително построги казни за користење мобилен телефон за време на возење, а новите правила важат и за странските туристи кои патуваат низ земјата.Според новиот Закон за безбедност во сообраќајот, кој целосно стапи во сила минатата година, користењето мобилен телефон зад волан се смета за еден од најопасните прекршоци и една од главните причини за сообраќајни несреќи.Грчките власти предупредуваат дека возачите кои држат телефон во рака реагираат за околу половина секунда побавно, ш

Патувања | пред 4 месеци

plaza-grcija

Грчкиот туризам со силен раст во првиот квартал: Над 3,4 милиони посетители во првите три месеци

Првиот квартал од годината за грчкиот туризам заврши со силни стапки на раст во однос на бројот на посетители и приходите, покажувајќи значителна отпорност и покрај сериозните геополитички турбуленции, пишува Екатимерини.Овие резултати се особено значајни ако се земе предвид дека клучни пазари за грчкиот туристички сектор, како поширокиот Блиски Исток и Израел, практично беа надвор од игра.Особено во март, авионската поврзаност со овие региони беше речиси целосно прекината поради пошироките воен

Патувања | пред 4 месеци

media-libraryhebjull7gilq6lhDO1I

(Видео) Заборавете на Миконос и Санторини: Туристите открија грчки остров со 20 жители

Антикитера, мало грчко островче сместено на самиот раб на Егејското Море меѓу Крит и Пелопонез, станува сè попопуларна дестинација за туристите кои бараат мирен и опуштен одмор, далеку од метежот на познатите летувалишта како Миконос и Санторини.На островот живеат само околу дваесетина жители, а локалното население го нарекува „земски рај“ поради тишината, природата и чувството на изолираност. Иако животот таму не е секогаш лесен, жителите велат дека мирот што го нуди островот вреди за сите пред

Патувања | пред 4 месеци

media-library1cv9p39nva4k7KVrbtu

Грција воведува строги мерки за туризмот: Ограничувања за Airbnb и нови правила за островите

Грција воведува нов модел за развој на туризмот со кој се предвидуваат построги правила за краткорочно изнајмување, ограничувања за преоптоварените дестинации и пренасочување на инвестициите кон помалку посетени региони.Грчката влада денеска го претстави новиот Просторен план за туризам, кој предвидува можност за ограничување, па дури и целосна забрана за нови сместувачки капацитети преку платформи како Airbnb во области со голем туристички притисок.Според новите правила, капацитетите за краткор

Патувања | пред 4 месеци

media-librarylksfts34ofog7ThuvFp

Грција размислува за строга забрана на тротинети за малолетници

Грчката влада размислува за построги регулативи за електричните тротинети по фатални несреќи во кои се вклучени малолетници, вклучувајќи ја смртта на 13-годишно дете и сериозен судир во кој учествувало 12-годишно момче во Аспропиргос.Министерството за транспорт размислува за целосна забрана за користење тротинети од страна на лица под 18 години, задолжително осигурување за возачи возрасни и повисоки казни за возачи и компании. Заменик-министерот за транспорт Константинос Киранакис се очекува нас

Трендови | пред 5 месеци

media-libraryeajl26288rbsbR2qDUT

Германски турист добил спор поради „резервирани“ лежалки

Германски турист добил на суд спор против туристичка агенција поради праксата на „резервирање“ лежалки со пешкири во хотел на грчкиот остров Кос и му била доделена отштета од 986,70 евра, откако агенцијата не ја спроведувала забраната за такво однесување.Неименуваниот тужител навел дека за време на летувањето во август 2024 година на островот Кос во Грција не можел да најде слободни лежалки покрај базенот, бидејќи гостите однапред ги зафаќале местата оставајќи пешкири.Тој, како што пишува Телегр

Патувања | пред 5 месеци

media-librarykji0cv4e3l5n2E8et3t

Нискобуџетна авио-компанија повеќе нема да лета од Солун

Ирската авио-компанија Рајанер соопштила денес дека ќе ја затвори својата деловна единица на солунскиот аеродром Македонија.Тие потврдиле дека за оваа одлука ги известиле своите вработени, пренесуваат грчките медиуми.Оваа одлука следува по спор околу зголемувањето на аеродромските такси што ги наметнал операторот Фрапорт Грција, пренесува порталот Катимерини.Иако таксите се утврдуваат на годишно ниво и се применуваат единствено за сите авио-компании, Рајанер настојувал како една од најголемите е

Патувања | пред 5 месеци

media-library82p9angte1g96iBAgbN

Туристичките пристигнувања во Грција пораснаа за 6,4% во 2025 година, достигнувајќи 43 милиони

Бројот на сранските патници кои ја посетиле Грција во 2025 година достигна 43,31 милиони, што претставува зголемување од 6,4% во споредба со 40,69 милиони претходната година. Овој раст придонел вкупните приходи од патувања да достигнат 23,63 милијарди евра, што е раст од 9,4% на годишно ниво, објави Екатимерини.Според конечните податоци на Банката на Грција, просечната потрошувачка по лице по патување изнесувала 545,5 евра, што е зголемување од 2,8% во споредба со 530,6 евра во 2024 година.Во ис

Патувања | пред 5 месеци

media-libraryjq1hjkomuckccXInl3w

(Видео) Плажа на Кефалонија прогласена за најдобра во Европа

Најновата листа што ја објавува „World’s 50 Best Beaches“ носи преглед на најубавите плажи во Европа за 2026 година, со јасен фокус на природна автентичност, тиркизно море и помалку гужви.Првото место во Европа го зазеде Фтери, плажа на островот Кефалонија во Грција. Оваа плажа се наоѓа во Јонското Море и е позната по скриените заливи, белите карпи и исклучително чистата вода. Регионот на Јонските острови особено се издвојува по драматично стрмните карпи и помирната атмосфера во споредба со попу

Патувања | пред 5 месеци

media-libraryjcev6r72ts504Vi5aUj

Грција донесе итна одлука пред летната сезона: Овие туристи ќе бидат изземени од новиот систем за влез

Британските туристи кои ова лето ќе патуваат во Грција ќе ги избегнат контроверзните нови контроли на границите на Европската унија (EES), откако Атина се откажа од земање отпечатоци од прсти и скенирање на лице.Оваа одлука доаѓа во момент кога Брисел продолжува со воведување на Системот за влез и излез (EES), кој бара сите посетители надвор од ЕУ да остават биометриски податоци на аеродромите и граничните премини.Системот предвидува на државјаните од трети земји, како Велика Британија, да им се

Патувања | пред 5 месеци

1859697970631dded139433465581695_690x460

Стравот од геополитика го „лади“ Крит: резервациите стагнираат, туристите бараат „помирни“ брегови

Иако Грција и оваа сезона останува меѓу најпосакуваните летни дестинации, за островот Крит се бележи неочекуван застој на резервациите. Додека други летувалишта на Медитеранот пријавуваат видлив раст, интересот за најголемиот грчки остров според туристичките агенции и тур-оператори е почувствително послаб во споредба со изминатите години.Клучната причина, според оценките на луѓе од браншата, не е поврзана со понудата на островот, туку со променетата перцепција за безбедност во регионот. Во услов

Патувања | пред 5 месеци

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Бидете внимателни: AI камерите во Грција ги снимаат сите прекршоци и казните пристигнуваат веднаш

Од 28 март 2026 година почнаа со работа AI камерите на 8 точки и 10 автобуси во Атина, а до крајот на годината ќе почнат и во Солун и на Крит, со дополнителни 2000 камери.Ова повеќе не е систем кој може да се избегне. Контролата сега е автоматизирана.AI камерите веќе ги испратија и првите 150 казни – директно до прекршителите. Без чекање, преку дигитален систем – автоматски на телефон.На пример: ако поминете на црвено светло во Атина, камерата ја бележи регистарската табличка, прекршокот се обра

Технологија | пред 6 месеци

media-libraryvacq4hh56i32f1MyoqE

Пет нови грчки мини-сателити лансирани во орбитата

Пет нови грчки минијатурни сателити успешно влегоа во орбитата по нивното лансирање во вселената во понеделник со ракета на SpaceX, соопштија официјални лица.Експерименталните CubeSat сателити ќе се користат за истражување на нови технологии развиени во Грција за сигурна сателитска комуникација, соопшти Министерството за дигитално управување. Сателитите беа лансирани со ракета Falcon 9 од базата на Ванденберг на Сејсп Форс во Калифорнија.Два од мини-сателитите – ERMIS 1 и 2 – беа развиени од Нац

Технологија | пред 6 месеци

media-librarymsn9c48i8mbl1HUoAAJ

Грчки остров нуди куќа и 18.000 евра, но потребно е да исполните неколку услови

Светот сè повеќе се соочува со феноменот на депопулација. Демографскиот пад, стареењето на населението и миграциите кон урбаните центри оставаат зад себе празни села, места без деца и градови со тивки плоштади. Овој тренд е особено изразен во руралните делови на многу европски земји, каде бројот на жители се намалува од година во година, а заедниците полека ја губат животната енергија.Денес низ светот постојат бројни програми кои ги поттикнуваат преселбите во послабо населените области. Така, на

Патувања | пред 8 месеци

Screenshot-2024-07-13-at-10.22.18

Неверојатна снимка од Грција: Туристите мораа да допливаат до траектот

Едно необично видео ни доаѓа од Грција каде на туристите им било кажано дека мора да допливаат до траектот.По снимката од грчката плажа Балос, на која се гледа дека туристите треба да пливаат за да се качат на траектот, Министерството за поморство одлучи да започне со изградба на пловечка платформа.Имено, како што пренесуваат локалните медиуми, туристите биле снимени како ги носат своите работи во рацете над главите додека се движеле од брегот до траектот, а потоа скокаат на платформата на бродо

Вирално | пред 2 години

Нема фотографија

Акропол отсега можете и приватно да го посетите: Цената е вистинска ситница

Грчкото Министерство за култура започна приватна обиколка со водич низ античкото светилиште на Акропол по цена од 5.000 евра.Првите туристи кои ја користеле оваа услуга биле двојка од Русија во саботата на 29 јуни, пренесува Ројтерс.Оваа услуга ќе биде достапна од 1 април до 31 октомври, секој вторник, петок и сабота, од седум до девет наутро и од 20 до 22 часот.Во периодот на турата се дозволени четири групи од по пет лица, а од 9 јули се достапни тури со самостојно водство, додека од август ќе

Патувања | пред 2 години

Нема фотографија

Трагедија во Грција: Млад фудбалер загина во страшна сообраќајна несреќа

Во тешка сообраќајна несреќа загина фудбалерот на Грција Статис Хациламброс.Овој фудбалер го носеше дресот на Левадијакос, Панелефсинијакос, додека последен тим за кој настапуваше е Елопијакос.Според неговиот последен клуб, несреќата се случила еден ден пред Хациламброс да наполни 26 години.Наводно, неговото возило излетало од патот и удрило во маслиново дрво.Тој забележа седум настапи во елитното ниво на натпреварувањето.Играше на позицијата лев бек.

Сцена | пред 2 години

plaza-grcija

Силен топлотен бран во Грција: Предупредувања поради високите температури, доктори цела низ Атина

Грција беше погодена од првиот топлотен бран во сезоната, кој ги затвори училиштата, како и археолошките локалитети како Актрополис, а лекари се распоредени низ Атина.Како што јави Ројтерс, метеоролозите предвидуваат дека температурата денеска и утре ќе достигне 43 степени Целзиусови. Акропол денеска ќе биде затворен од пладне до 17 часот, а два дена ќе бидат затворени и многу основни училишта и градинки низ државата.Минатата година, високите температури поттикнаа разорни пожари и дождови предиз

Патувања | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања