Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Слаткар со моќна порака од сцената на Макфест: „Ако сретнете човек што пелтечи, сослушајте го, не го прекинувајте“

Медиасет.мк
пред 57 минути
media-libraryti06s6thfv381mtY0Ow

Раперот Марко Маринковиќ – Слаткар, на 41. издание на фестивалот „Макфест“, испрати силна порака за разбирање, трпеливост и поддршка на луѓето кои имаат проблем со говорот.

Наместо да се претстави со песна, Слаткар од големата фестивалска сцена одлучи да зборува за сопственото искуство со пелтечењето и за тоа колку е важно луѓето да бидат сослушани, без прекинување и осудување.

„Оваа вечер не сум овде за да пеам, тука сум само да ги потсетам сите оние што имаат проблем со говорот дека не се сами“, порача раперот.

Тој објасни дека музичкиот ритам му помогнал полесно да се изразува и да ги пренесе своите мисли.

„За мене музичкиот ритам не значи слава, ниту популарност. Мене ми помага да земам здив и да го кажам тоа што го мислам“, истакна Слаткар.

Посебно се осврна на односот кон луѓето кои пелтечат, упатувајќи апел до публиката да има повеќе разбирање и трпение.

„Доколку сретнете човек што има уникатен говор, како што имам јас, сакам да го сослушате, да го оставите да го каже тоа што го мисли и да не го прекинувате. Можеби треба многу малку време за да чуете нешто што е многу важно“, порача тој.

На крајот, Слаткар ги повика присутните да бидат трпеливи и солидарни, потсетувајќи дека и луѓето кои имаат потешкотии во говорот имаат многу што да кажат.

Со својот искрен говор, раперот ја искористи големата сцена на „Макфест“ за да испрати порака која ја надминува музиката – дека секој заслужува да биде сослушан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

8079309

Последната желба на Мишо Ковач ќе му биде исполнета: Ќе биде погребан покрај синот Еди

Сцена | пред 49 минути

media-libraryoj3oou49976t7rniGEq

Електричните автомобили освојуваат нови пазари: Продажбата во Европа пораснала за 42 отсто

Вирално | пред 3 часа

media-libraryuhgkd38g153q4qSUozP

Од тајна љубов до брак со 32 години помлада: Жените што го одбележаа животот на Мишо Ковач

Сцена | пред 3 часа

media-library4mljqj55me50bdqwaoF

(Видео) По „Бела“, нов успех за Лара Иванова: „Доминантен“ е најслушаната песна на „Макфест“

Сцена | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања