Паметниот часовник на Епл ќе знае дали правилно ги миете рацете

Паметниот часовник на Епл наскоро ќе им помага на своите корисници да проценат дали доволно темелно ги измиле рацете за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Во рамки на иновациите кои ќе бидат имплементирани во новиот оперативен систем „WatchOS 7“ е претставена и фукција со помош на која паметниот часовник ќе може да открие дали лицето кое го носи редовно ги мие рацете.

Доколку сфати дека редовно ги миете рацете, секој пат кога тоа ќе го правите, паметниот часовник ќе одбројува 20 секунди, колку што минимално би требало да трае миењето на раце. После истекот на 20 секунди уредот ќе почне да вибрира, за да знаете дека поминало доволно време.

Овој паметен часовник ќе собира информации од околината, вклучувајќи и звуци и тоа дали се наоѓате во близина на вода, како би знаел дали ги миете рацете. Новиот оперативен систем би требало да биде достапен во текот на есента, пренесе „Business Insider“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *