Репрезентацијата на Македонија за првпат успеа да се пласира на едно Европското првенство. Со победата на Грузија од 1:0, вечерва на „Динамо арена“ во Тбилиси селекторот Игор Ангеловски и неговите фудбалери изборија пласман на Европското првенство 2021 година.
Капитенот Горан Пандев кој 20 години го носи националниот дрес, во солзи падна на теренот откако го оствари најголемиот сон.
