#ЏЕТ-СЕТ

Парчиња облека кои ќе бидат во тренд зимава

Објавено на

За оние кои наскоро планираат да се почестат со нов капут или јакна, модните експерти предлагаат неколку парчиња облека што ќе бидат во тренд оваа зима… А, се работи за безвременска модна класика.

Иако и зимава се нудат вообичаените тренди-модели, како што се кожени јакни и мантили или јакни прошиени од сите страни, стручните лица советуваат, наместо тоа, да се вложи во класични модели коишто лесно ќе се вклопат во сечиј стил. Во таа смисла, има многу избор – од класични модели на светлокафени палта, кои никогаш не излегуваат од мода – до шармантните кадифени палта, кои уживаат голема популарност кај „модните зависници“ од сезона во сезона.

Последниве четири години, секоја зима, еден модел се издвојува како омилен. Тоа е „теди-капутот“, којшто се нарекува така – „мече“, поради својата големина и предимензионираност. Таа пак, ќе ја истакне и воздигне речиси секоја комбинација, и затоа совршено се вклопува во скоро секој едноставен избор облека.

Тука е и кашмирскиот капут, кој подеднакво го сакаат и жените и мажите. Поголемите пердувести и пуфкасти, или т.н. „пуфер“ јакни е еден од трендовите од 1990-тите кој повторно го доживеа своето големо враќање на сцената. Приичините за тоа се нивната големина, практичност, удобност и пријатност.

Трендинг

Exit mobile version