Пејачката на хитот Chandelier има два албума спремни за издавање.
Запрашана од фановите за нејзините планови за 2020 година, австралиската музичарка Сиа наводно соопштила дека во подготовка се два албума, кои веројатно ќе излезат веднаш по нејзиниот филм „Музика“.
Таа исто така додаде дека во тек се неколку соработки, а засега е познато дека музичарката планира студиско дружење со јужнокорејскиот бенд BTS со цел да комплетира една песна што ќе се појави на нивниот нов албум.
Филмот „Музика“ беше најавен на филмскиот фестивал во Венеција во 2015 година.
Првично планиран за октомври 2019 година, објавувањето на филмот беше одложено до декември 2019 година, пренесуваат медиумите.
Британската веб-страница за музика додава дека актерката Кејт Хадсон и танчарката Меди Зиглер, кои редовно се појавуваат во видеата во Сиа, се вклучени во проектот заедно со Лесли Одом Јуниор.
Последниот албум на Сиа, Everyday Is Christmas, беше објавен во 2017 година.
Австралиската пејачка имаше огромен успех со своите хитови Chandelier и Hunger Games, а не сака никој да знае како изгледа. Таа своето лице го крие со огромни перики, а во 2013 година се појави на насловната на магазинот „Билборд“ со книжна кеса на главата.
Запрашана од новинарите зошто го крие своето лице, таа одговори дека сака да има приватен живот, односно да не ја препознаваат на улица. Таа мрази да биде славна и не сака никој да знае како изгледа.