Медиасет.мк

#КИНО

Sonic the Hedgehog заработи милиони, објавени бројките од киноблагајните

Премиерното прикажување на Sonic the Hedgehog во киносалите во Америка и во светот ги собори рекордите на киноблагајната за игран филм адаптиран по видеоигра дебитирајќи со 100 милиони долари заработени во првиот викенд.

Sonic the Hedgehog („Ежот Соник“) ги претрка Birds of Prey and the Fantabulous Emancipation of One Harley Quinn („Птици грабливци и фанатастичното ослободување на една Харли Квин“, со што го презема водството на светската ранг-листа за киноблагајни, според најновите податоци на „Комскор“ (Comscore).

„Ежот Соник“ е филмувана верзија на познат цртан лик – хибрид со анимирани ликови и реални актери.

Според бројките објавени од страна на „Комскор“ во неделата, 16 февруари, филмот заработил 100 милиони долари во светот вклучувајќи и 57 милиони долари во Северна Америка. Ова е најдоброто премиерно прикажување на сите времиња на филм инспириран од видеоигра.

„Парамаунт“ ужива во неочекуваниот успех. Иако првичните реакции на публиката не беа позитивни и повеќето го критикуваа дизајнот на синиот лик по појавувањето на првиот трејлер, сепак одличниот почеток покажа дека промените направени од екипата на филмот се исплатеа.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: