Медиасет.мк

#ФАЦИ

Пејачката Тахири која беше пријавена дека тепа туѓо дете, кажа што се случило

Пејачката Аделина Тахири која беше пријавена од сосетка дека физички го нападнала нејзиното малолетно дете и му го украла мобилниот телефон, негира дека имало  каков било физички напад. Таа за „А1он“ тврди дека повеќе од две години била навредувана од мајката на малолетничката и детето, а за настанот објаснува дека го одзела телефонот откако увидела дека детето ги снимало неа и нејзиниот син. Тахири вели дека пред да го одзеде телефонот, девојчето потврдило дека ја снимало. Таа не сака да коментира за постапката што  се води, но најави дека кога ќе заврши ќе објави сè што знае и има како докази.

„Бев излезена со мојот син, сестра ми и жената којашто ми помага дома. Забележав дека малолетната М.В. ме снима со нејзиниот телефон, тргнав кон неа и ја прашав дали ме снима. Таа одговори потврдно, по што побарав да ја избрише снимката. Таа иронично ми кажа дека не сака, по што побарав да ми го даде телефонот, но повторно иронично ме одби. Во тој момент ѝ го зедов телефонот и очекував дека нејзината мајка ќе дојде и ќе го отклучи телефонот, за да ја избрише снимката. Мајка ѝ не дојде, туку полиција, откако ме пријавиле“, вели Тахири за „А1он“.

Пејачката до нас достави и фотографии од пораки, за кои тврди дека малолетничката ѝ ги испратила на нејзината сестра, неколку денови пред да биде пријавена во полиција, чија содржина гласи: „Чекај не знаеш што е проститутка кога живееш со една или не знам, можеби две“, мислејќи на Аделина Тахири и нејзината мајка.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: