Македонскиот фанк-рок бенд “Фанк Шуи“ ја објави песната „Метеори“ и стана песна на неделата на хрватскиот Музика.хр со најмногу гласови.
Со оваа песна тие го најавија нивниот нов албум.
Бендот зад себе има два албума, деби-албумот „Aether” од 2012. и “R.E.M.” од 2015“ .
“Бендот доаѓа од Скопје, а членови на групата се Лука Ѓоргиевски, главен вокалист и гитарист, Давид Николовски на тапани и Михаил Намичев како басист„. Бендот “Фанк Шуи“ се еклузивци на „Авалон продукција“.