Според последните анализи кои ги направи Ццентарот за јавно здравје Охрид,квалитетот на водата за пиење од градски водовод Охрид кајко и села приклучени на градски и извори е следен:
На ден 20.07.2021 година земени се примероци вода од мерните места:
-Камп Св.Наум-водата е здравствено исправна
-Црква Св.Петка во комплекс Св.Наум-водата е здравствено исправна
-с.Љубаништа-водата е здравствено исправна
-с.Трпејца- водата е здравствено исправна
-камп Градиште-водата е здравствено исправна
–плажа Оревче(земена вода од шанк)-микробиолошки неисправна(изолирани се:E.coli,Enterococcus,како и зголемен вкупниот број на колонии на 370Ц во 1 мл)
-камп Елешец- водата е здравствено исправна
-с.Елшани- (селски водовод)водата е здравствено исправна
–с.Елшани–извор–микробиолошки неисправна(изолирани се:E.coli,Pseudomonas Aeruginosa,Enterococcus)
–с.Велестово–извор-микробиолошки неисправна(изолирани се Enterococcus)
Водоснабдувањето во с.Пештани се врши од градската водоводна мрежа-Охрид.
Во с.Пештани ќе се зема примерок вода на 26.07.2021 година.
До сега сите примероци вода што се земени од с.Пештани после извршените физичко хемиски и микробиолошки анализи покажуваат дека ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ Е ЗДРАВСТВЕНО ИСПРАВНА!!!
Центар за јавно здравје Охрид