Oваа Локална власт со поддршката на Владата на Република Северна Македонија и во соработка со сите надлежни институции е цврсто одлучена да стави крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации на најатрактивната зона од заштитениот појас, истакна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и додаде:
Сите нелегални градби кои претставуваат опасност за регионот и се во спротивност на режимите на заштита ќе бидат отстранети, согласно новите препораки на УНЕСКО, Планот за управување, законските процедури и нема да има никаква селективност во постапките.
![](https://sp-ao.shortpixel.ai/client/to_auto,q_glossy,ret_img/https://mediaset.mk/wp-content/uploads/2021/08/logo.png)