#КИНО

По 15 години, тие се враќаат!

Објавено на

Актерите од „Пријатели“ повторно ќе се обединат во една специјална епизода, 15 години откако заврши емитувањето на популарната серија, објави HBO.

Потврдено е дека ќе се појават сите актери – Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет леБланк, Метју Пери и Дејвид Швимер. Снимањето наскоро ќе почне, а сè уште не е објавен датумот на емитување на епизодата.

Актерите на социјалните мрежи споделија иста фотографија за која напишаа „Се случува“.

„Пријатели“ се емитуваше од 1994 до 2004 година. Последната епизода ја гледале 52,5 милиони гледачи во САД и е најгледана епизода на серија во 2000-тите.

Серијата сега привлече помлада публика бидејќи се емитува на „Нетфликс“.

„Варајети“ објави дека секој од актерите ќе заработи по 2,5 милиони евра од снимањето на специјалната епизода што најверојатно ќе трае еден час.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version