#ТРЕНД

По 32 години служба: Главната помошничка ја напушти кралицата Елизабета

Објавено на

Главната помошничка на кралицата Елизабета Втора, 56 – годишната Патриша Ерл, поднесе оставка по 32 години служба на монархијата, пишува The Sun.

Ова се случи откако службениците заеднички изразија револт во врска со договорот за изолација за време на Божиќните празници, нагласувајќи дека не сакаат да го поминат одделно од семејството.

Таа поднесе оставка затоа што, според медиумите, се чувствувала засрамено по револтот на вработените во врска со предлогот да остане во „меурот“ на КОВИД во период од четири недели, односно за време на Божиќните и новогодишните празници, така што кралицата и принцот Филип ќе бидат безбедни во Сандрингем , селски имот на кралското семејство.

Наместо тоа, кралицата мора да остане во замокот Виндзор, каде што ќе ги помине празниците за првпат по 33 години. Патем, Патриша живее во близина на имотот во Сандрингем, во селото Норкфолк близу Дерсингам и за време на повеќе од три децении служење на монархијата, таа помина дури 14 години како водач на послугата.

Пред две години беше назначена за член на Кралскиот викторијански ред, кој признава респектабилна лична служба на монархот на Комонвелтот, членови на семејството на монархот или на кој било вицеканцелар или висок претставник на монархот.

Трендинг

Exit mobile version